Македонија го доживува можеби најлошиот период во епидемијата со коронавирусот од почетокот на неговото ширење, а веќе цел месец на дневно ниво бележи повече од илјада новозаразени и восок показател од 40 починати на ден.
Меѓутоа, наместо ваквите показатели да ги загрижи актуелниот министер за здравство Венко Филипче и неговиот шеф во партијата и во владата, Зоран Заев, нив како што вели „мува не ги лази“.
Тие без никакво чувство за срам и почит кон починатите постојано ги повикуваат граѓаните да не се групираат, дури и по семејни поводи, а до друга страна организираат партиски состаноци во седиштето на СДСМ.
И покрај тоа што се правдааат дека на нивните партиски активности се почитуваат препорачаните мерки, Заев и Филипче очигледно сметаат дека јавноста заборавила дека токму нивните партиски состаноци досега неколкупати стануваа калстери за ширење од коронавирусот со кој беа заразени и неколку партиски и државни функционери, иако нели и тогаш беа запазувани епидемиолошките мерки.