ДНК на октопод открил траги од топење мраз на Антарктикот пред 120.000 години

Истражувањето на ДНК на октопод открило дека ледената покривка на Антарктикот најверојатно се распаднала пред 120.000 години кога температурите биле слични на денешните, велат научниците.

Австралиските и новозеландските научници ги споредиле генетските профили на таканаречениот вид Туркеов октопод пронајдени во Виделовото, морето Ведел, Амундсеновото и Росовото Море во Јужниот Океан на Антарктикот и откриле генетска врска која датира од последниот меѓуглацијален период, кој го карактеризирака потопла клима од денешната, со повисоко глобално ниво на морињата и помали ледени плочи.

Откритието помага да се одговори на прашањето дали ледената покривка на Западниот Антарктик (WAIS) се распаднала во овој период, според студијата објавена во списанието Science.

„Оваа генетска врска би била возможна само доколку се случел целосен колапс на WAIS за време на последниот меѓуглацијален период, отворајќи ги морските патишта што ги поврзуваат денешните мориња на Ведел, Амундсен и Рос“, изјави водечкиот автор на истражувањет Јан Страгнел од австралискиот Универзитет Џејмс Кук.

„Тоа би му овозможило на октоподот да патува низ отворени теснец и да разменува генетски материјал, што можеме да го видиме во ДНК-та на денешните популации“, вели постдокторската истражувачка Сали Лау.

Страгнел вели и дека последниот меѓуглацијален период бил кога „глобалните просечни температури биле за 0,5 до 1,5 степени Целзиусови потопли од прединдустриските нивоа, а глобалното ниво на морињата било за пет до десет метри повисоки од денешните“.

„Она што го прави WAIS важен е тоа што Антарктикот моментално е најголемиот придонесувач за глобалното зголемување на нивото на морето. Целосен колапс може да го зголеми глобалното ниво на морињата за околу три до пет метри“, додава таа.

„Разбирањето на начинот како WAIS бил конфигуриран во неодамнешното минато, кога глобалните температури беа слични на денешните, ќе ни помогне да ги подобриме идните проекции за глобалното зголемување на нивото на морето“, додава Страгнел.