До 13 часот излезeноста во Дебар 13, во Центар Жупа околу 12 отсто

Во општина Дебар излезeноста на граѓаните на референдумското гласање до 13 часот е 13 отсто додека во соседната општина Центар Жупа околу 12 отсто.

Секретарот на општинската изборна комисија во Дебар, Али Реџа не информираше дека до 13 часот своето граѓанско право го оствариле 2.335 лица од вкупно запишаните 18.318 гласачи.

Во општина Центар Жупа до 13 часот гласале 801 лице или околу 12 отсто од вкупно запишаните 6.686 граѓани со право на глас, изјави за МИА, Еран Зубер претседател на Oпштинската изборна комисија.

Текот на гласањето и во двете општини минува без проблеми, непречено и во мирна атмосфера.