До 2025 Тесла ќе ја изгуби доминацијата на пазарот на електрични возила

Една нова американска студија тврди дека Tesla ќе ја изгуби својата доминантна позиција на пазарот на електрични возила, бидејќи не го проширува своето портфолио доволно брзо за да остане во чекор со другите производители на автомобили и новите стартапи кои ја зголемуваат својата понуда на електрични возила.

Уделот на пазарот на електрични возила на Tesla би можел да се намали од 70 отсто денес, на само 11 отсто до 2025 година, соочени со зголемена конкуренција од Џенерал Моторс и Форд, објави најновото издание на годишната студија „Војна на автомобилите“ на Bank of America Merrill Lynch.

Според авторот на новото истражување, Џон Марфи, висок авто-аналитичар во Bank of America Merrill Lynch, двата автомобилски гиганта со седиште во Детроит ќе го надминат Тесла до средината на деценијата, кога секој од нив ќе има приближно 15 проценти од уделот на пазарот на електрични возила. Тоа е зголемување од околу 10 проценти во уделот на пазарот во споредба со моменталната позиција на двата производитела на автомобили, со новите производи како што се F-150 Lightning и електричните пикапи Silverado EV кои се очекува да донесат спектакуларен раст, според истата студија.

Доминацијата на Tesla на пазарот на електрични возила, особено во САД, заврши. Во следните четири години тоа ќе се промени многу во спротивна насока, според Марфи.

Споменатиот аналитичар вели дека во последните 10 години, извршниот директор на Tesla, Илон Маск, имал вакуум во кој немало голема конкуренција, но „тој вакуум сега во голема мера се пополнува со многу добри производи во следните четири години“.

Tesla постојано го одложуваше лансирањето на Cybertruck, а плановите за следната генерација на Roadster исто така беа одложени. Според најновите ажурирања на компанијата, и електричниот камион и спортскиот автомобил ќе влезат во производство некаде следната година.

„Илон не се движеше доволно брзо. Имаше огромна ароганција дека другите производители на автомобили никогаш нема да го достигнат и никогаш нема да можат да го направат тоа што тој го прави, но тие сепак го прават тоа, истакнува Марфи.

Шефовите на Форд и на Џенерал Моторс рекоа дека планираат да ја одземат титулата врвен производител на електрични возила од Тесла подоцна оваа деценија. Ford проценува дека ќе произведе два милиона електрични возила ширум светот до 2026 година, додека GM вели дека ќе има капацитет од повеќе од два милиони електрични возила во Северна Америка и Кина заедно до 2025 година.

Други предвидувања од овогодинешната студија „Car Wars“ го вклучуваат фактот дека околу 60 проценти од новите регистарски таблички до 2026 година ќе бидат за ЕВ или за хибриди, и дека продажбата на ЕВ до тоа време ќе порасне за најмалку 10 проценти на американскиот пазар.