До 2028 за секој пензионер по 100 евра годишно, вети Битиќи

„Секоја година, според закон, има усогласување и зголемување на пензиите. Минималната пензија до 2028 година ќе биде 20 илјади денари, а просечната ќе биде 30 илјади денари и секоја година пензинерите ќе добиваат 100 евра, секој пензионер, како К-15 или регрес“, рече вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Битиќ во „Реално“ на 24инфо.мк.

Тој додаде дека сите покачувања се прават без да се креира дефицит на пензискиот фонд, за разлика од ситуацијата до 2016 година.

„Забораваме, но во 2016 година кога дојдовме, не зборувавме ние, самите зборуваа дека пензискиот фонд е пред крах. Тоа не го направиме ние, нивното владеење 12 години го направи тоа“ рече Битиќи.