Италија воведе нов закон за заштита од пушењето, кој предвидува парични казни за пушење во присуство на бремени жени и деца. Италија го воведе во согласнот со прописите на ЕУ со цел младите да се одвратат од пушењето, а посебно на мета се продавачите што продаваат цигари на малолетни лица.
Во Италија стапија на сила новите ограничувања за пушачите кои што би можеле да бидат казнети со парична азна и до 500 евра ако запалат цигара во автомобил каде има дете или бремена жена, или ако фрлат опушок на улица.
Новите прописи подразбираат забрана за пушење во канцеларии, ресторани и други јавни места.
Италија го воведе во согласнот со прописите на ЕУ со цел младите да се одвратат од пушењето, а посебно на мета се продавачите што продаваат цигари на малолетни лица.
Засебниот закон против фрлањето опушоци на улица е дел од прописите во борбата за чисти улици, а истото ќе се однесува и на фрлањето мастики за џвакање или сметки од продавниците.