Во Москва најмалку 700 луѓе се евакуирани од болницата во која лежат жртвите на терористичкиот напад, објави телеграм-каналот Nexta Live. Канали блиски до руските безбедносни сили јавуваат дека Националниот медицинско-хируршки центар по Пирогов добил дојава за бомба.
Од зградата се евакуирани целиот болнички персонал и пациентите, според написите.
По последните информации на телеграм-каналот „Шут“, болницата добила писмо во кое се укажува на постоење бомба во нејзините ѕидови. Наводно, на неколку ката биле оставени четири ранци со подметнати експлозивни направи, а тајмерите биле поставени на 40 минути.
Оваа застрашувачка закана предизвика паника меѓу персоналот и пациентите, што доведе до итна евакуација, пренесуваат медиумите во регинот.
Службите за итна помош веднаш реагирале и пристигнале на местото на настанот преземајќи ги сите неопходни мерки за испитување на веродостојноста на оваа закана. Според последните извештаи, прашањето што се поставува кај граѓаните е дали оваа пријава е вистинита или можеби е лажна дојава, која предизвика паника кај луѓето.
Со оглед на сериозноста на ситуацијата, како што пренесуваат медиумите, целиот персонал и пациентите веднаш се евакуирани од болницата. Оваа итна акција е преземена за да се обезбеди нивната безбедност во случај заканата да биде реална.