
До Државната изборна комисија (ДИК) попладнево, покрај веќе поднесените пет, пристигнале уште 77 приговори за изборите.
Од нив, како што информираат од ДИК, 74 се од Алијанса за Албанците, еден е од Глас за Македонија, додека два се од ВМРО-ДПМНЕ.
ДИК не прецизира на што се однесуваат приговорите од Алијанса за Албанците, но оние од ВМРО-ДПМНЕ вели дека се за сумирање на резултатите.
Приговори за постапката на гласање може да се поднесуваат до 21 часот вечерва, додека за сумирањето и утврдувањето на резултатите до утре до 19 часот и 30 минути.
Роковите почнаа да течат синоќа, кога беа објавени неофицијалните конечни резултати.