Добила милион фунти на лото и верува дека покојната мајка е заслужна за среќата

Лисбет Рамус освои милион фунти во лотаријата „Еуромилионс“ и верува дека нејзината покојна мајка е заслужна за оваа среќа. Како што изјавила за медиумите, Лисбет пред Божиќ купила неколку лото тикети и ги ставила во чантата, која ја наследила од нејзината мајка. Ова бил прв Божиќ по нејзината смрт и тој ден и бил многу тажен и осамен.

“На Божиќ, се сетив дека играв лотарија и ги проверив тикетите. Не можев да поверувам што се случува. Бев толку среќна што морав да го повикам брат ми да дојде и да видам дали навистина станав милионерка”, вели Лисбет.

“Мислам дека мајка ми е одговорна за тоа. Таа употребила мала Божиќна магија за да ме охрабри кога виде дека ми треба”, вели новопечената милионерка.