Судскиот совет на денешната седница едногласно ја предложи судијката Добрила Кацарска за нов судија на Уставниот суд на Република Македонија.
Предлогот за судијката Кацарска ќе биде испратен на гласање во Собранието на РМ, каде народните избраници треба да ја изберат на функцијата.
Кацарска е судија во Основниот кривичен суд Скопје.