Додека Ковачевски ја продава државата, не заборава да краде, 9 милиони евра тендер за битумен, добитник единствено пријавената фирма, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Имено Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта склучило рамковна спогодба за набавка на битумен во вредност од 554,6 милиони денари или над 9 милиони евра, и според информациите кои ги објавија медиумите, тие веќе почнале да црпат од рамката, при што се потрошени над 2 милиони евра. Фирмата која го добива тендерот, е и единствено пријавена. Иако интерес покажале повеќе компании, заради чии барања се олесниле условите за учество на тендерот, на крај тие воопшто и не учествувале. Имено, од првичниот услов банкарската гаранција да изнесува 5% од целиот износ на набавката, тој е преформулиран, гаранцијата да се дава на секоја поединечна нарачка. Дополнително поедноставувани се повеќе услови. Компанијата која го добила тендерот не може сама да го исполни, и затоа истата е дела од групација, на чие чело се наоѓа странска фирма, која во повеќе наврати беше обележана и како фирма од која е увезуван штетен мазут, истакннуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Дали зад тендерот од 9 милиони евра стои некој од власта, и зошто фирмите кои се јавиле првично со барање да се корегираат условите не учествувале? Дали и кој ја спречил конкуренцијата? Дали некој од власта профитирал од тендерот тежок 9 милиони евра? Прашуваат од опозициската партија.