Додека дојдат германските експерти ќе заврши истрагата за ужасот во тетовската болница

epa09456810 Investigators at the scene following a fire at a hospital for Covid-19 patients in Tetovo, Republic of North Macedonia, 09 September 2021. At least fourteen deaths have been reported by the Ministry of Health when a fire, thought to have been triggered by oxygen cylinders that provide oxygen to patients with a more severe clinical case of Covid-19, broke out at the hospital. EPA-EFE/Georgi Licovski

Германските експерти кои заедно со крим техничарите на МВР треба да бидат поддршка при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово, сѐ уште не пристигнале. Од Владата информираат дека тие треба да пристигнат деновиве.
Дотогаш во тетовското обвинителство, засилени со двајца скопски обвинители, интензивно тече истрагата за утврдување на причините за пожарот во ковид-центарот, кој зема 14 жртви и голем број повредени.

Неофицијалните најави беа дека форензичарите треба да пристигнат во среда, откако викендов беа испратени офицери од Германија, за да ги обезбедат сите неопходни информации пред доаѓањето на форензичарите од Германија. Експертскиот тим е дел од Бундескриминаламт или Сојузната  криминалистичка полиција (БКА) чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, ДНК анализи, електронски истраги и идентификација.

Повикот и притисокот од јавноста за одговорност и брза независна истрага за расветлување на околностите кои доведоа до несреќата, како и лоцирање на одговорноста, досега резултираше со некоклу поднесени оставки, меѓу кои и на министерт Венко Филипче, но таа сѐ уште не ефектуирана. Премиерот Заев ќе ги чека резултатите од истрагата, па потоа ќе одлучел дали да ја прифати оставката или не.

„Оставките на министерот Венко Филипче и на заменик министерот Илир Хасани, за кои беше соопштено преку пресконференција на министерот и преку фејсбук статус на заменикот се доставени до премиерот Заев и се архивирани и тие не отстапуваат од овие оставки. Премиерот веќе објави дека својата одлука ќе ја донесе откако ќе бидат утврдени преку истрагата што се води за случајот и очекуваме тоа да се случи во наредниот период. И премиерот апелира до надлежните органи што побрзо да биде завршена истрагата“, рече Арсовски.

Заев денеска од Штип посочи дека по трагедијата, се прават дополнителни контроли на сите модуларни болници низ земјава. Рече дека трагедиите треба да се прифаќааткако трагедии со најобјективни претпоставки и најобјективни очекувања и испитувања за нивната причина, но и дека никој не е венчан за функцијата.

„Никој не е венчан за функцијата, секој е заменлив, но не треба веднаш да си даде оставка затоа што некој тоа го бара. Оставам експертите да ги кажат сите детали околу трагедијата, тоа го чекаме сите“, рече Заев.