Додик: Ако Косово влезе во ОН, истото ќе го бара и Република Српска

Доколку дојде до членство на Косово во ОН и други меѓународни институции, тој ист пат ќе го побара и Бања Лука, изјави претседателот на Република Српска Милорад Додик.

„Парламентот на Српска донесе резолуција во која се наведува дека, во случај на воспоставување нов меѓународен принцип и пракса во признавање на правото на самоопределување, ќе инсистираме на утврдување на нашиот државен статус. Тој документ и понатаму е во сила и од тоа нема да се откажеме“, рече Додик за Новости.

Порача дека странците упорно применуваат двојни аршини и предупреди дека не можат аргументацијата, која ја користат за Косово, да ја исклучат во БиХ.

„Во тој однос, решавањето на односот меѓу Белград и Приштина на трајна основа би морало да подразбира и решавање на прашањето за статусот на Српска“, рече Додик.