Додик има план според кој сите во БиХ ќе бараат „мирно разијдување“

Челникот на босанските Срби, Милорад Додик, открива дека има план според кој сите што живеат во Босна и Херцеговина во одреден момент ќе посакаат „мирна разделба“, што би било доволна причина за распад на земјата и стеркнување независност на Република Српска.

Во интервјуто објавено во четвртокот од бањалучкиот весник Глас Српске, кој важи за близок до властите на ентитетот, Додик повторно тврди дека никогаш не се залагал за отцепување, односно за насилно отцепување на Рeпублика Срспка од БиХ, туку дека сака таа земја да „распадне по договор“.

„Повторно ќе кажам дека мирното раздружување е најдобрата опција“, рече Додик, презентирајќи ја тезата дека нема причина да се биде роб на концептот на Дејтонскиот договор, чија суштина е зачувување на Босна и Херцеговина како единствена држава.

Вели и дека САД вршат притисок врз политичкото раководство на босанските Срби, бидејќи тие наводно се плашат дека „200 илјади луѓе ќе излезат на улица и ќе кажат дека сакаат независна држава (РС)“.

Смета и дека самото постоење на линија на поделба меѓу ентитетите е доказ дека Босна и Херцеговина е неповратно поделена и осудена на колапс.

„Границата постои, таа не е само формална, таа е во главите на луѓето овде. Сѐ е поделено во БиХ. Невозможно е, без разлика на сите медиумски и други спинови, обиди и уверувања, да се направи нешто уникатно. Дали некогаш сме се собрале околу репрезентација или спортист? Ниту околу (пливачката) Лана Пудар, која, како што разбрав, има српско потекло. Никој од нас во Српска не го смета нејзиниот успех за свој. Не е можно да се создаде тоа единство. Значи, таа ентитетска граница што беше поставена е дефинитивна граница. Само еден ден официјално ќе биде објавено“, вели Додик.

Во интервјуто тој потврдува и дека нема да се откаже од плановите за изградба на хидроцентралата „Дабар“ во источна Херцеговина, иако тоа е проект според хрватскиот ентитет во БиХ и особено според Загреб, значително ќе влијае врз животната средина и ќе предизвика штета на реката Неретва во нејзиниот долен тек, кој минува и низ Хрватска.

Се смета дека изградбата на оваа електрана ќе го намали протокот на свежа вода во Неретва, што потоа ќе предизвика нејзина соленост и ќе ги загрози флората и фауната во реката. Поради ова, еколошкото друштво Aarhaus centar BiH издејствува привремен судски прекин на градбата, но Додик сега вели дека проектот ќе продолжи.

„Кога би ја следеле логиката на овие различни еколошки здруженија, тука ништо немаше да се случи. Се разбира, Дабар ќе се изгради и тој проект нема да биде запрен“, рече Додик.