Додик најави нови планови за издвојување на Република Српска од БиХ

Членот на петседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, најави во ворникот нови чекори коишто би воделе кон издвојувањето на ентитетот Република Српска од Федерацијата, но од опозицијата во овој ентитет веднаш му порачаа дека не треба да смета на нивната поддршка во таквите планови кои ги оценија како „опасна авантура“.

Додик во пресрет на седницата на вровот на неговата партија Сојуз на независните социјалдемократи (СНСД) за новинарите во Бања Лука изјави дека кон крајот на октомври или почетокот на ноември партијата во парламентот на Република Српска ќе му проследи предлог-одлука со коајшто би било одбиено учеството во вооружените сило на БиХ, дрќавните полициски агенции и разузнавачаката агенција OSA, како и во Восиокиот судски и обвинителски совет. Појасни дека тоа би значелот дека српскиот ентите истовремено ќе формира совите слични институции кои би биле панда на федеративните.

Додик тврд дека тоа не би бил чекор кон рзбивањето на териротијалниот интегритете на БиХ, туку „враќање на суверенитетот на Република Српска“. Инаку, таквите закани доаѓаат по одбивањето на бошњачките власти во Сараево за одржување на најавената воена вежба на Вооружените сили на БиХ и Војската на Србија. Додик, исто така, со месеци изјавува дека од Сараево и дел од меѓународната заедница се води политика кон укинувањето на Република Српска.

„Нема да се повлечеме пред заканите и санкциите… Нашата процена е дека во овој момент нема назада“, рече Додик.

Од Партијата на демократскито прогрес (ПДП), која во моментов е водечка меѓу опозициските партии во Република Српска, веднапш реагирапе со најава дека Додик не треба да смета на нивната поддршка во спроведувањето на таквите планови.

„Предлозита не Милорад Додик и СНСД, коишто најавуваат радикални мерки, немаат ничија поддршка и очигледно е дека за цел имаат создавање судири и политички хаос во Република Српска и БиХ“, стоа во реагирањето од ПДП.

Додаваат дека приоритетот ан парламентот на Републиак Српска би морало да биде бирбата против корупцијата во сите делови на општеството и процесуирање на лицата кои се во тоа вмешани. Истакнуваат дека Додик радикалните предлози ги изнесува во моментот кога е отворена афера за наводно лекување на ковид-пациентите наместо со медицински со индустриски кислород и дека здравствениот систем е под контрола на кадрите на Додик, но за оваа афера отворена пред една седмица досега не се понудени конкретни факти и докази.