Челникот на босанските Срби, Милорад Додик уште еднаш го пофали рускиот претседател Владимир Путин со кого се сретна во Казан, каде што беше поканет од руското претседателствување на самитот на организацијата БРИКС, а двајцата политичари за време на нивната средба доцна вечерта по локално време потврдија како да се зајакне соработката и покрај притисок од Западот.
Во делот од разговорот што го пренесува јавниот сервис на Република Српска (РТРС), Путин му рекол на Додик дека знае какви искушенија се соочуваа, но е убеден дека тоа нема да му го одвлече вниманието за да ги „заштити националните интереси“.
Додик му се заблагодарил на Путин за поканата да дојде на самитот на БРИКС, велејќи дека Република Српска би сакала да биде дел од тој проект, но се соочува со ограничувања поради одредбите на уставот на Босна и Херцеговина.
Додал дека со нетрпение го очекува економскиот напредок на Русија, односно неуспехот на санкциите што Западот ги воведе кон Русија поради инвазијата во Украина.
„Ова покажува дека санкциите не ги даваат ефектите што ги сакаат западните“, рекол Додик, а истовремено се пожалил на санкциите од западните земји на коишто тој самиот и неговите политички сојузници се подложени.
Потврдик дека Република Српска нема да дозволи БиХ да воведува визи за руските граѓани и ќе продолжи да ги блокира одлуките со кои таа земја би вовела санкции кон Русија, иако тоа се условите на кои инсистира Европската унија за да го отвори патот за БиХ кон европската интеграција.
Како нов тип на притисок врз Република Српска и врз него лично, Додик ги оквалификувал недокажаните тврдењата дека на територијата на Босна и Херцеговина, односно на територијата на Република Српска наводно била организирана обука на проруски групи од Молдавија, со цел за дестабилизација на таа земја.
Додик јасно го негираше ова, а Путин негираше дека Русија има каква и да е врска со немирите во западните земји.
„Тоа е апсолутна глупост. Немаме ни алатки да организираме некакви немири и маршеви во западните престолнини“, рече Путин, споре кој неговата земја не се бори против никого, туку само ги штити нејзините државни и национални интереси.