Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, се закани во понеделникот дека ќе ја ускрати поддршката за европскиот пат на Босна и Херцеговина и верува дека во иднина ќе има силен сојузник во унгарскиот премиер Виктор Орбан, а се надева дека новиот американски претседател Доналд Трамп ќе ги укине санкциите наметнати за него и неговите соработници.
Пред новинарите во Бања Лука, Додик ја обвини Европската унија дека води нечесна политика затоа што нејзината финансиска поддршка за земјите кои сакаат да станат нејзини членки ја условува со спроведување на реформите, корустејќи приота погрдна кованица.
Неговата оценка е дека ЕУ тоа го прави само во однос на БиХ за Република Српска да го „изгуби својот карактер“ и додаде дека сега нема причина да се испочитуваат барањата што доаѓаат од Брисел.
Додик ова го изјави коментирајќи ги проблемите со усвојувањето на програмата за реформи што БиХ треба да ги спроведе за да добие пристап до фондот од шест милијарди евра, обезбеден преку планот за раст на Западен Балкан.
Политичарите во Босна и Херцеговина успеаја да се договорат за 110 од 113 мерки што ги побара ЕУ. Властите во Република Српска одбија да го прифатат условот Уставниот суд на БиХ да се пополни со двајца судии избрани од тој ентитет, а избегнаа и договор за седиштето на Апелацискиот оддел на Судот на БиХ.
Овој факт потоа го искористи опозициската бошњачка Партија за демократска акција (SDA) со цел преку механизмот на координација на односите со ЕУ, благодарение на гласовите од окрузите во кои таа партија е на власт, да го блокира целиот пакет додека Република Српска не се согласи со сите барања, па земјата сега се врти во маѓепсан круг на префрлање на одговорноста за блокадите.
Поради ова, во Босна и Херцеговина не беше усвоен ниту еден закон, кој е неопходен за формално отворање на пристапните преговори со ЕУ, што беше одобрено од Европскиот совет уште во март.
Додик вели дека тој, односно Република Српска, не се виновни за ништо, туку дека одговорноста е на SDА, но додава дека нему му е доста му е условувањата од Брисел.
„Многу брзо ќе се договориме дека повеќе нема да го поддржуваме европскиот процес“, се закани тој.
Рече и дека сега му е полесно да го каже и направи тоа, бидејќи верува дека сѐ ќе се смени со изборот на Трамп за претседател на САД.
„Сега можам да кажам дека ми е многу полесно. Како што него го прогонуваа во Америка, така и мене ме прогонуваа тука“, рече Додик и додаде дека има големи очекувања. Знае дека санкциите нема веднаш да му бидат укинати, но додава дека има право да се надева.
Додик вели и колку е горд затоа што Виктор Орбан опстојувал на својата политика, па сега, на крилата на победата на Доналд Трамп, очекува политиката на унгарскиот премиер да стане доминантна во Унијата.