Претседателот на Претседателството на Босна и Херцегоина, Молорад Додик, повторно во саботата негираше дека во Сребреница на 16-ти јули 1995 година е сторен геноцид врз тамошните Бошњаци и тврди дека на меморијалните гробишта не се погребуваат жртви, туку празни сандаци.
Ден пред одбележувањето на 26-годишнината од стравичното злосторство коешто меѓународната заедница го квалифицираше како геноцид во кое се убиени над осум илјади Бошњаци и покрај несогласувањата на челниците на ентитетот Република Српска и од Србија кои сепак признаваат дека е извршено масовно погубување, Додик во интервјуто за ентитетската новинска агенција Срна, изјави дека во меоријалниот комплекс во Поточари всушност не се погребуваат посмртни останки, туку дека се носат табути (мртовечки сандаци) на коишто само се пишуваат имиња.
„Има податоците дека табутите се празни, дека во нив нема посмртни останки, туку се става сано име“, вели Милорад Додик, српскиот претставник во тричлениот државен врв.
Во Поточари досега се погребани останките од 6.652 жртви од Сребреница чии тела според бошњачките власти се ексхумирани од повеќе масовни гробници. Годинава таму ќе бидат погребани и останки на 19 жртви кои сега се идентификувани.
Повикувајќи се на шведски научник, Додик вели дека е невозможно да се докаже дека во Сребреница е сторен геноцид „имајќи предвид дека не постои локален геноцид“.
Квалифицирањето на злосторството во Сребреница како геноцид го опишува и како „измислица на Американец со муслиманска вероисповед, професор кој во Конгресот на САД своевремено бараше поддршка за тоа работата околу геноцидот ревиализира и на тој начин да воспостави третман на наводни локални геноцид, што не постои“.
„Таа платформа на Конгресот беше основата за пресудите во Хашкиот трибунал и сега сите тоа настојуваат да го одржат како такво. Тоа претставува и своевидно понижување на холокаустот и геноцидот кој го доживеаја Евреите во Втората светска војна, а да не зборуваме за геноцидот над Србите“, ја елаборираше својата теза Додик.
Фактот дека меѓународната заедници редовно им оддава почест на жртвите на Сребреница и инсистира дека станува збор за геноцид, за Додик не претставува ништо друго освен „истрајност на стереотипите и манипулациите“, за ја обвини „омразата кон Србите вградена во германскиот код“.