Откако американската амбасада со седмици преку медиумите во Босна и Херцеговина прашува каде се парите што властите на Репиублика Српска ги собираат преку постојано задолжување според нејзиното тврдење, лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, во вторникот го обвини амбасадорот на САД дека го подготвувал неговото убиство и тврди дека тој прима мито, дури и иако, самиот признава, за тоа нема никакви докази.
Додик со години е во вербален конфликт со сите американски амбасадори кои се назначени во БиХ уште од администрацијата на Барак Обама, а ескалираше во последните три години откако Мајкл Марфи е на таа позиција и САД го заоструваат режимот на санкции против политичката елита на Република Српска. Сега под санкции не е само Додик, туку и сите негови најблиски политички соработници, вклучително и сите лидери на РС и членка на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ. Под казнени мерки на американското Министерство за финансии се и синот и ќерката на Додик, а на списокот е додадена и сродна структура на компании од кои се ваделе пари за финансирање на Додик и неговите политики. На сите им се затворени банкарските сметки, а картичките им се деактивирани.
Американската амбасада веќе со седмии води медиумска кампања во која постојано прашува каде се парите што властите на Република Српска ги собираат со постојано задолжување.
Сето ова предизвика отворен гнев кај Додик кон САД, а особено кон амбасадорот Марфи, кого го смета за клеветник и директен виновник за строгите казнени мерки на кои е подложен.
Во вторникот, тој тврдеше дека Марфи добива пари или мито од бошњачката страна за политиката што ја спроведува, но тој не понуди никаков доказ за тоа освен тврдењето дека станува збор за „кажувања во кулоарите“.
„Не можам да тврдам, само го пренесувам она што го слушнав и што можам да слушнам по ходниците“, рече Додик на прес-конференцијата, додавајќи дека сето тоа го слушнал од луѓе од Државната агенција за истраги и заштита (SIPA) „коишто тоа го следат“.
Додик, исто така, тврди дека политиката на санкции не ги дала резултатите какви што очекувале властите во САД, па тие, односно Марфи, сега останува само физички да го ликвидираат.
„Му проесстанува уште тоа да го стори, да даде наредба и да се договори со неговите екстремни служби. Мислам дека тој е подготвен на тоа“, рече Додик, додавајќи дека сѐ уште верува дека во САД има разумни луѓе коишто тоа нема да го дозволат.
Додик претходно изјави дека се надева на победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД и смета дека тоа ќе придонесе за промена на политиката на Вашингтон кон Босна и Херцеговина, односно ќе донесе „повеќе разбирање“ за позициите на Репиблика Српска.