Договор со Леар корпорација за нова инвестиција

Договор со Леар Корпорација
Договор со Леар Корпорација

На потпишувањето договор со Леар Корпорација за нова инвестиција во полошкиот регион ќе приусуствува претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.

Американската корпорација Леар почнува со реализација на инвестицијата во Полог вредна над 15 милиони евра. Договорот денеска ќе го потпишат претставници на Леар Корпорацијата и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак.

Компанијата почнува со производство на автомобилски навлаки за седишта првично во Гостивар, каде ќе се вработат околу 300 лица, а планира и изградба на нов објект во ТИРЗ Тетово и вработувања на 1500 до 2000 лица до 2018 година. Согласно нивното искуство постои потенцијал тој број да достигне и до 3.000 нови вработувања.

Објектот во ТИРЗ Тетово треба да биде готов до средината на 2016 година, а  производството е наменето за сите големи европски автомобски производители.

Фабриката КСС во Кичево почнува со работа
Фабриката КСС во Кичево почнува со работа

Инаку, вчера во ТИРЗ Кичево беше отворена фабриката на инвеститорот КСС, на која присуствуваше премиерот Никола Груевски.