Договорот за Брегзит не може да се промени, порача Фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во средата инсистираше на тоа дека Договорот за повлекување на Брегзит потпишан меѓу Брисел и Лондон не може да биде еднострано променет.

Говорејќи пред Европскиот парламент, Фон Дер Лајен предупреди дека шансите двете страни да постигнат сеопфатен трговски договор по Брегзит „бледнеат“ со секој нов ден.

-ЕУ никогаш нема да се повлече од договорот, заклучи таа.

Долниот дом на Обединетото Кралство го донесе контроверзниот Предлог-закон за внатрешен пазар пред два дена, што предизвика загриженост кај официјалните претставници на Велика Британија и на ЕУ. Главното прашање се јавува поради законот што е спротивен на договорот за Брегзит, кој стапи на сила минатиот февруари.