Доколку дезертерот Ковачевски има психофизички проблем кој му предизвикал трајна неспособност, тогаш може да носи погрешни одлуки

Дезертерот Ковачевски кукавички бега од одговори и одговорност. Тој треба да каже едноставно дали лажел за да избегне служење воен рок, или е точна дијагнозата за негова трајна неспособност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дезертерот Ковачевски со самиот факт што даваше контрадикторни изјави за овој скандал, отвори многу сомнежи. Јавноста слушна две верзии за неговото дезертерство, еднаш дека поради школување не служел војска, друг пат дека не служел војска поради хируршки интервенции.

Официјалната тапија пак вели дека има лекарско оправдание за трајна неспособност. Оттука доколку е се преставил како трајно неспособен за служење војска ќе треба ИТНО да се испита неговата деловна способност да врши премиерска функција. Се плашиме дека доколку има психофизички проблем кој му предизвикал трајна неспособност, тогаш дезертерот Ковачевски може да донесе некоја погрешна одлука, да потпише погрешен документ или да има проблеми со расудувањето. Стравуваме дека токму трајната неспособност на премиерот е причината за апсолутната неспособност на владата поради која се наоѓаме во невидена енергетска и економска катастрофа. Сето ова ќе се разјасни доколку Судот покрене постапка за утврдување и евентуално одземање на деловната способност, стои во партиското соопштение.