„Доктор пропаст“: Биткоинот нов канал за криминал

Економистот Нуриел Рубини оценил дека биткоинот нема иднина како валута, бидејќи е создадена вештачки да функционира по принципите на пирамидалните измами.

„Биткоинот не е нова валута, туку нов канал за криминални активности, посебно доколку во предвид се земе ризикот од хакери“, рекол Рубини, кој не верува дека вештачката валута некогаш ќе може да се користи како реалните.

Биткоинот, како што вели тој, нема вистинска вредност и е подложен на големи флуктуации. Само од ноември загубил околу 50 отсто од вредноста.

Рубини, инаку, е познат под прекарот „Доктор Пропаст“ поради своите постојани негативни прогнози.