Документарен филм за живата легенда на македонската и светската музика Наат Велиов

Вчера на летната сцена на Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани беше прикажан документарниот филм посветен на светски познатиот музичар од Кочани, Наат Велиов.

Наат Велиов е еден од најголемите репрезенти на традиционалната ромска и македонска музика во Европа и во светот.

-По повод мојот 64 роденден, филмот за прв пат се прикажува пред публиката во Кочани. Филмот е прикажан во неколку држави и градови во светот. Сакам да искажам голема благодарност до сите кои помогнаа во реализација на денешниот настан, истакна музичарот Наат Велиов.

Во филмот е прикажан животот и делото на Велиов, настапите на светски познати настани и градот Кочани.

-Убеден сум дека кочанската културна историја ќе испише уште многу имиња на светските страници, но Кинг Наат Велиов ќе остане на врвот, додаде Велиов.
Беше задоволство да се проследи проекцијата на документарниот филм „Кралот“, на француската продукциска куќа „Лумина“, посветен на музичкиот пат на Наат Велиов – изјави градоначалникот на Кочани Никола Илијев.
ИЗЈАВАТА НА НААТ ВЕЛИОВ МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК:
 Фото: Радио Кочани