Документите откриваат 64 жртви на СССР во текот на Кубанската криза

Руското министерство за надворешни работи првпат ја објави информацијата за бројот на советските жртви во текот на Кубанската ракетна криза, конфронтацијата којашто пред 55 години се закануваше да ескалира во нуклеарна војна.

Во периодот меѓу 1962 и 1964 година, на Куба животите ги загубиле 64 државјани на тогашниот Советски сојуз, објави министерството за одбрана во саботата, но без да ги открие причините за нивната смрт.

Кубанската ракетна криза многумина ја сметаат за најинтензивниот период од идеолошката блоковска Студена војна. Во октомври 1962 година САД и СССР биле најблиску до нуклеарна војна, но за среќа немаше директен судир, со исклучок на за тоа време изненадувачкото уривање на американскиот разузнавачки авион над СССР при што загинал неговиот пилот.

Советите во текот на тие настани на територијата на својата сојузничка Куба пренеле 64 нуклеарни ракети, но и 42.000 војници.

Кризата заврши кога американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди даде уверување дека нема да ја нападне Куба, по што советскиот челник Никита Хрушчов нареди отстранување на ракетите од овој карипски остров близу континенталниот дел на САД.