Докузовски се договори со Сигал Приштина

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Марин Докузовски е нов тренер на косовскиот прволигаш Сигал Приштина.Докузовски оваа функција официјално ќе ја преземе од понеделник и ќе остане во оваа екипа до крајот на сезоната со опција соработката да биде продолжене за уште една година.

„Брзо се договорив со луѓето од Приштина. Ме замолија да им помогнам до крајот на сезоната, условите беа повеќе од добри, и поради тоа решив да го потпишам договорот-изјави Докузовски за порталот „мкд.мк“
Тој во оваа екипа ќе го замени Турчинот, Чејхун Чабадак кој си поднесе оставка.

Сигал Приштина сезонава се натпреварува во БИБЛ лигата заедно со нашите Кожув и Куманово и моментално е на второто место на табелата со седум победи и пет порази.