Поради зајакнувањето на јенот, на валутните пазари во петокот во раното претпладневно тргување вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна трет ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,90 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 106,15 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 151,50 на 150,10 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0570 долари, додека вчера во истиот пресек чинеше 1,0540 долари.
Индексот на доларот ослабе за околу 1,5 отсто од почетокот на седмицата, па е на пат кон првиот седумдневе пад по трите седмици раст.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,14 отсто, на 73,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,64 отсто, на 69,15 долари.