На девизните пазари вредноста на доларот во четвртокот е стабилна во однос на кошничката валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнето се движи околу 104,40 поени, колку што беше и вчера во истиот периот од тргувањето.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 151,97 јени, највисокото ниво во последните 34 години, на 151,30 јени. Зајакнувањето на јенот уследи по предупредувањата на јапонските монетарни власти дека би можеле да интервенираат поради прекумерните флуктуации на девизниот курс.
Американската валута е стабилна во однос на европската, па цената на еврото се движи околу 1,0825 долари, исто колку што изнесуваше во сиот период од вчерашното тргувањето.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,46 отсто, на 86,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,64 отсто, на 81,85 долари.