Украинскиот тенисер Александар Долгополов го направи најголемото изненадување во 3. Коло на мастерс тенискиот турнир во Индијан Велс.
Тој го елиминираше бранителот на титулата Шпанецот Рафаел Надал со со 6:3,3:6,7:6.
Од првиот поен на мечот се виде дека Украинецот е решен да ја забележи првата победа во шестиот меѓусебен меч со шпанскиот тенисер и да закаже дуел со Италијанецот Фабио Фоњини во наредното коло од турнирот