ДОМ со условена поддршка за Владата

Централниот одбор на зелената партија на денешната седница донесе одлука ДОМ да ја поддржи предложената реконструкција на Владата, како што велат, во интерес на македонските евроинтеграциски процеси.

„Услов за поддршката на Владата и на парламентарното мнозинство е во првите 100 дена да започне процесот на ветинг и да се спроведе конфискација на нелегално стекнатиот имот заради ефикасна борба против корупцијата, да продолжи собраниската процедура за измени на Изборниот законик за една изборна единица, отворени листи и 50 отсто жени на листите и да се интензивира користењето на обновливи извори на енергија преку формирање на енергетски задруги, за граѓаните да станат производители на електрична енергија, како и формирање Фонд за енергетска ефикасност“, информираат од ДОМ.