“Дона” на Калиопи продолжува да воодушевува!

На денот на концертот беше организирана средба со новинарите, кадешто најдобро се потврди фактот дека евровизиските медиуми и фанови ја вратија Калиопи на Евровизија. Пречекана со воодушевување и огромен интерес, на барање на присутните Калиопи зад клавирот ја пееше „Дона“, а за три часа  даде повеќе од триесет и пет интервјуа, рушејќи го сопствениот евровизиски рекорд.

Позитивната реакција продолжи и за време на настапот во Мелквек арената, кадешто за Калиопи како најголема евровизиска ѕвезда на вечерта беше резервирано местото пред самиот крај на концертот. Иако веќе три часа во публиката, присутните не ги напушти еуфоријата кога Калиопи се појави на сцената и уште еднаш покажа дека „Дона“ звучи интензивно и многу моќно во својата жива верзија.

Веднаш по Амстердам Калиопи ја продолжи својата промотивна турнеја во Софиjа, Бугарија, кадешто на покана на националната телевизија БНТ, нашата евровизиска претставничка гостуваше во утринската програма „Денот започнува“.

kaliopi-sofija-640x480

Доказ дека неуморните евровизиски фанови ја следат Калиопи на секој чекор беше и групата млади обожаватели на нашата евровизиска претставничка коишто со голема радост ја пречекаа пред зградата на Бугарското национално радио БНР, кадешто Калиопи снимаше свој радио портрет за програмата „Хоризонт“.

Гостувањето во Бугарија беше заокружено со интервју за регионалната музичка телевизија Балканика, кадешто може да се погледне и видео записот за „Дона“.

kaliopi-2sofija

За два дена Калиопи заминува за Лондон, Велика Британијам, каде што ќе земе учество на уште еден голем промотивен настан, Лондонската евровизиска забава. Во Лондон годинава ќе настапат осумнаесет учесници од годинашното издание на Евровизија, а Калиопи како специјален гостин на ОГАЕ Велика Британија, ќе го отвори концертот со „Дона“, за подоцна да се врати на сцената со самостоен настап.