Доналд Трамп ќе се кандидира за претседател на САД

Американскиот милијардер Доналд Трамп е подготвен да учествува во претседателските избори во САД во 2016 година, пишува рускиот весник „Россискаја газета“.

„Не ја исклучувам можноста да се вклучам во борбата за претседателската функција. И знаете ли зошто? Не сум задоволен од начинот на кој се одвиваат работите во САД“, изјавил Трамп, упатувајќи критики кон политиката на актуелниот шеф на државата, Барак Обама.

„Според мое мислење, Обама не направи доволно за да се стабилизира економијата на САД, а неговата политика за Ирак, Авганистан и Сирија беше несоодветна“, појаснил милијардерот.

Трамп имаше намера да учествува и на претседателските избори во 2012 година, но на крајот ја повлече својата кандидатура со образложение дека не е подготвен да излезе од бизнисот.