Тимот на Далас Маверикс успеа да слави над Лос Анџелес Лејкерс со 119-115 во најинтересниот меч кој се одигра во НБА лигата.
Најзаслужен за тоа е Лука Дончиќ кој одново блескаше и во два наврати „испука“ клучни поени, тројка за продолженија и нова тројка за второ продолжение во Лос Анџелес. На крајот Лука заврши со трипл-дабл од 35 поени, 14 скокови и 13 асистенции, партија со која испиша нова историја или поточно го повторни учинокот на Мајкл Џордан од 1986 година.
Словенецот е прв играч на возраст од 23 години или помлад кој успеал да постигнува по просечно 40 поени во период од 10 натпревари. Воедно тој е прв ас кој во ваква фаза имал просек од 40 поени, 10 скока и 8 натпревари.
Luka Doncic is the 1st player at age 23 or younger to average 40 points over a 10-game span since Michael Jordan in 1986.
In addition, he is 1st player to average 40 points, 10 rebounds and 8 assists over a 10-game span in NBA history. pic.twitter.com/ZVbzoCAILB
— ESPN Stats & Info (@ESPNStatsInfo) January 13, 2023