![luka doncic](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/luka-doncic.jpg?resize=696%2C490&ssl=1)
Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, по поразот од Индијана со 111:118 во контролниот дуел, истакна дека задачата на неговиот тим е да биде во врвна форма за плејофот.
„Не мислам дека ќе бидеме во најдобра форма на првиот натпревар по рестартот на сезоната. Но, верувам дека ќе бидеме подготвени за плејофот, кога е најважно да си најдобар“, изјави Дончиќ.
Далас ќе го одигра својот прв натпревар од продолжението на сезоната на 31 јули против Хјустон.