На Универзитетската клиника за неврологија денеска беше пуштен во употреба апарат за компјутеризирана томографија, донација на Министерството за здравство со поддршка од Светска бана.
Министерот за здравство Беким Сали оцени дека овој апарат е од голема важност за Клиниката бидејќи овозможува квалитетно снимање и рана дијагностика на сите мозочни удари и останати невролошки проблеми коишто ги имаат пациентите.
-Имено во делот на мозочните удари, нашиот фокус беше на дијагностика и брзо реагирање, оцени министерот.
Директорот на Клиниката за неврологија Иван Барбов, информира дека овој апарат ќе овозможи брзо снимање на пациентите и помала доза на зрачење, што, како како што рече, е многу важно.
Со оваа донација се опфатени вкупно 14 јавни здравствени установи.