Властите на самопрогласената Доњецка Народна Република сметаат дека е неопходно да ја укинат украинската национална валута, гривната и да побараат од Русија кредит за стабилизација.
За тоа руската Државна Дума била известена од заменик министерот за надворешни работи, Борис Борисов.
-Единствен можен излез од тешката ситуација е придвижување на регионалната економија врз основа на руската рубља. За тоа е неопходно прво да се основа централна банка и да се добие кредит за стабилизација во Руската Федерација, со тоа што првата транша би била најмалку 30 милијарди рубљи, рекол тој.
Борисов известил дека во Донбас дошло до „колапс“ на украинската гривна.
-Тоа ќе доведе до уништување на банкарскиот систем, а ќе следи и доцнење на исплатата на заработувачката, дополнителните часови и конечно до крах на домашната трговија, укажал Борисов.
Украинските сили вчеравечер и утрово го гранатирале Семјоновк, предградие на Славјанск. За време на ноќта одекнувале истрели и повремено се слушале експлозии, но утрово почнале жестоките напади. Оштетен е и градскиот водовод.
Властите на Доњецк јавуваат дека цела ноќ се пукало во градот, а утрово е нешто помирно. Жителите велат дека постојано надлетуваат хеликоптери на укринското воено воздухопловство.