Донован Мичел нов играч на Кливленд

(Photo by Cooper Neill/NBAE via Getty Images)

Досегашниот играч на НБА екипата Јута Џез, Донован Мичел е нов играч на Кливленд Кавалирс.

Како што објави ESPN, во размената којашто ја договориле двата тима, Јута за Мичел ги добила Лаури Маркканен, Очаи Агбаџи о Колин Секстон, како и три избора во првиот круг на драфтовите во 2025, 2027 и 2029 година. Клубот од Солт Лејк добила и замена на пиковите на дратфовите во 2026 и 2028 година.

Донован Мичел досега во кариерата трипати беше избиран во Ол-стар тимовите, еден е од најдобрите стрелци во НБА лигата со просек од 23,9 коша по натпревар во изминатите пет сезони. Минатата сезона имаше просек од 25,9 коша и 5,3 асистенции на 67 натпревари.