Дополнителната дупка во буџетот и лошите мерки се резултат на неспособноста на СДСМ

Додека Зоран Заев и неговите функционери танцуваат со пандемијата, граѓаните ја бијат животната битка за егзистенција и за сопственото здравје, се истакнува во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и се нагласува дека граѓаните на Република Македонија се борат со опасна сиромаштија, а СДСМ и Владата импровизираат и носат нереални мерки.

„Најефикасна помош за граѓаните е Заев и неговите соработници да ги остават суетата и политиканството на страна и да ги прифатат мерките предложени од ВМРО-ДПМНЕ за спас на економијата и работните места. Дополнителната дупка во буџетот и лошите мерки се резултат на неработењето и несериозноста на владата предводена од СДСМ. Незаинтересираноста на владата предводена од СДСМ во врска со работниците кои во овие моменти се соочуваат со откази и без месечни примања докажува само дека оваа влада се занимава само со тендерите и богатењето на своите соработници“, констатира ВМРО-ДМНЕ.