Дополнителни автобуси на линиите 69 и 28 за Света Петка

ЈСП Скопје ги информира своите корисници дека во пресрет на верските празници Света Петка и Свети Пантелејмон, на ден 7, 8 и 9 август годинава ќе пушти во сообраќај дополнителен број автобуси на линиите 69 и 28.
Утре, 7.08 2018 година (вторник), на линијата 69 која сообраќа од Транспортен центар до село Дивле, ќе се реализира едно поаѓање и тоа во 15.30 часот.
На 8.08.2018 година (среда), ќе сообраќаат три автобуса од село Дивле кон Транспортен центар и тоа во 5.45, 15.30 и во 19.30 часот.
Посочените поаѓања, всушност, се вонреден превоз имајќи во предвид дека автобуската линија 69 сообраќа само за време на викенди. Во случајов, вонредниот превоз е по барање на црковниот одбор на „Св.Петка“.

ЈСП Скопје ќе обезбеди и дополнителен број автобуси на линијата 28 на 8 и 9.08.2018 (среда и четврток).
На 8.08.2018 година (среда), освен редовните поаѓања утврдени со летниот возен ред, автобус на линијата 28 од Транспортен центар кон Нерези (Македонско село) ќе има и во 17.20 часот, како и во 19.50 часот во обратен правец.
На 9.08.2018 година (четврток), вонреден автобус ќе има во 7.10 часот од Транспортен центар кон Нерези (Македонско село), односно во 11.20 часот во обратен правец.
Во овој случај, ЈСП Скопје одговори позитивно на барањето на манастирот „Св.вмч.Пантелејмон“.