Во Киев и во неколку региони во Украина денес се воведени дополнителни рестрикции на струја, соопштио националниот оператот Укренего.
Прекините во напојувањето со струја траат веќе неколку дена со цел да се ограничи цивилната потрошувачка на електрична енергија.
„Денес контролниот центар Укренерга беше приморан да воведе дополнителни рестрикции во вид на итни исклучувања за сите категории потрошувачи“ во неколку региони, меѓу кои е и Киев, се наведува во соопштението.