Дортмундска Борусија и Лајпциг без победник во дербито, Вердер декласиран од Мајнц

Фудбалерите на Борусија Дортмунд ремизира во вторникот пред своите навивачи 3:3 со лидерот Лајпциг во дербито на 16-то коло на германското првенство.

За „Милионерите“ головите ги постигнаа Јулијан Вајгл во 23, Јулијан Брандт во 34 и Џејдон Санло во 55 минута, додека за гостите двоен стрелец беше Тимо Вернер во 47 и 53 минута, а еднаш погоди и Патрик Шик во 78 минута.

Англискиот репрезентативец Џејдон Санчо стана најмладиот играч во Биндеслигата кој постигнал 22 погодока во првенството, бидејќи на дуелот со РБ Лајпциг имаше 19 години и 267 дена. Претходниот сопственик на овој рекорд беше Хорст Копел, кој во 1968 година за тимот на Штутгард постигнал 22 голови на возраст од 19 години и 269 дена.

На табелата и натаму во водство е РБ Лајпциг со 34 бодови, додека Борусија Дортмунд привремено е на третот место со 30 бодови. Борусија Менхенгалдбах моментално е втора со 31 бод, а може бодовно да се израмни со лидерот бидејќи во среда го пречекува последниот Падеборн.

Вердер на свој терен беше декласиран од Мајнц со 0:5, а гостите по првиот дел веќе имаа убедлива предност од четири голови. Стрелци за Мајнц беа Робин Кваисон во 10, 19 и 38 минута, во 15 минута автогол си постигна Јири Павленка а во 81 минута конечниот резултат го постави Жан-Филип Матета.

Вердер остана 15-ти на табелата со 14 бодови, два повеќе од опасната зона, додека Мајнц првременпо се исјачи на 13-то место со 18 бодови.

Аугсбург пред своите навивачи со 3:0 ја совлада Фортуна, а стрелци беа Филип Макс во 31 и 72, и Тин Једвај во 61 минута. Аугсбург до следното голо го обезбеди 10-то место на табелата со 23 бодови, а Фортуна е 16-та со 12 бодови, на позицијата која води во плеј-оф за опстанок, само бод односно три од последните две места.

Ихлас Бебу во 56 и Кристоф Баумгартнер во 90 минута беа творци на гостинската победа на Хофенјахм кај Унион Берлин. Хофенхајм моментално е осми со 24 бодови, а Унион Берлин е 11-ти со 20 бодови.

Во среда се играат натпреварите Борусија М – Падеборн, Волфсбург – Шалке 04, Ајнтрахт – Келн и Фрахбург – Баерн Минхен.