Досега до ДИК поднесени кандидатурите на Иванов, Поповски и Халими

Досега до Државната изборна комисија (ДИК) се доставени кандидатурите за претседателските кандидати, Ѓорѓе Иванов, Зоран Поповски и Илијаз Халими.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ја поднесоа кандидатурата за актуелниот претседател Иванов поддржана со над 63 илјади потписи од граѓани, како и со потписи од пратеничката група на коалицијата За подобра Македонија.

Кандидатурата за Зоран Поповски од партијата ГРОМ е поднесена вчера со поддршка од 10 илјади потписи, а својата кандидатура, исто така со поддршка од 10 илјади граѓани, поднесе и кандидатот на ДПА, Илијаз Халими.

До утре на полноќ, кога завршува рокот за поднесување на кандидатурите за претстојните претседателски избори, се очекува да го направи и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.

ДИК веднаш по приемот или најдоцна во рок од 48 часа на листата на кандидат утврдува дали таа е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на Изборниот законик.