Досега најголемото истражување на ефикасноста на вакцината на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“ против коронавирусот спроведено на општа полулација покажа во четвртокот дека вакцината дало заштита поголема од 95 отсто, а истовремено покажало и дека таа заштита значително паѓа ако лицето се вакцинира само еднаш, наместо препорачаните две дози.
Авторите на оваа студија од израелската национална кампања за вакцинацијја изјавиле дека таа дала докази од стварниот живот дека пандемијата на коронавирусот би можела да биде завршена со брза глобална програма на имунизација.
Анализата на податоците од јавното здравство во Израел, една од земјите со најголем удел на целосно вакцинирани возрасни граѓани на светот, покажала дека вакцината е „извонредно“ ги заштитило и постарите лица во времето кога доминирал позаразниот британски сој на коронавирусот, според резултатите објавени во медицинското списание The Lancet.
До почетокот на април речиси 5 милиони луѓе во Израел ги примиле двете дози од вакцината „Pfizer/BioNTech“, што претставува повеќе од 70 отсто од населението.
Студијата покажала дека две дози даваат 95,3-процентна заштита од заразата и 96,7-процентна заштита од смрт од Covid-19 седум дена по втората доза. По 14 дена показатели се зголемиле на 96,5 односно 98 отсто.
Меѓутоа, заштитата од заразата била значително пониска кај луѓето кои добиле само една доза од вакцината. Меѓу 7 и 14 денови по првата доза утврдена е заштита од заразата од 57,7 отсто, а заштитата од смртен исход изнесувала 77 отсто. Авторите наведуваат дека една доза може да пружи покус период на заштита, особено во опкружувањата во кои се јавуваат новите соеви на вирусот.
„Важно е што студијата покажува дека двете дози од вакцианта значително го зголемуваат нивото на имунитетот и заштитата,. Поради тоа важно е луѓето да ги добијат двете дози“, велио Џонатан Бол, професор по мулекуларна вирологија од Универзитетот во Нотингем, кој не учестввал во истражувањето.
Во текот на истражувањето забележани се 232.268 потврдени зарази сокоронавирусот, а кај речиси 95 отсто од тестираните примероци е потврден британскиот сој B117. Забележани се 4.481 тешка инфекција и 1.113 смртни случаи.
Според тимот научници кој работел на студијата, тие не можеле да го проучат ефектот на вакцината врз јужноафриканскиот сој, кој исто така е идентификуван во Израел.
До четвртокот најголемата студија врз општа популација за вакцината на „Pfizer/BioNTech“, исто така, спроведена во Израел, беше речиси пет пати помала, и во неа учествуваа 1,2 милиони луѓе.
Коментирајќи ги овие студии, Ејал Лешам од Медицинскиот центар Каим Шеба, и Анелис Вилдер-Смит од Лондонскиот колеџ за хигиена и тропска медицина, напишаа дека резултатите од студијата „сугерират дека високата стапка на покриеност со вакцини може да понуди излез од пандемијата“.
„За жал, брзото опфаќање на нивото на населението не може лесно да се повтори во многу други земји. Глобаланата примена на вакцианта (на „Pfizer/BioNTech“) е ограничена поради проблемите со испораките, високите трошоци и барањета за складирае на извонредно ниски температури“, велат двајцата научниците рецензирајќи го податоците од студијата.