Досега необјавени фотографии на Мерилин Монро понудени на аукција (ГАЛЕРИЈА)

Фотографии на славната американска актерка Мерилин Монро, коишто досега јавноста немала можност да ги види, од нејзината последната фото сесија, од средата се понудени на наддавање.

Фоторепортерот Џорџ Барис ги снимил фотографиите во јуни 1962 години во околината на Лос Анџелес, неколку седмици пред смртта на тогаш 36-годишната и веќе светски славна Мерилин Монро, објаво интернетската аукциска куќа Paddle8.

Фотосесијата резултирала со 150 фотографии, кои се протегаат од плажите каде Монро позирала во бикини во морската трева до Холивуд Хилс каде носи потпетици и се качува на оградата од синџири, и на коипозира славенички со мартини.

Педесет и пет години подоцна благодарение на Paddlle8, која собрала уште 70 предмети поврзани со Мерилин, вклучително и фотографијата од нејзините училишни денови како осмооделенка, потпишана со нејзиното вистинско име Норма Џин Бејкер, голем дел од овие фотографии кои досега не се објавени ќе станат достапни за јавноста.

Доколку се суди по сумата од пет милиони долари, којашто недоамна беше платена за нејзиниот фустан кој го носела додека ја изведувала песната „Среќен роденден, г-дин претседателе“ во чест на подоцна убиениот американски претседател Џон Фицџералд Кенеди, се очекува и понудените предмети на оваа аукција да достигнат високи бројки.

На аукцијата се наоѓаат и веќе познатите разголени фотографии, филмски постори и првото издание на магазинот Playboy од 1953 година, кој го потпишал неговиот сопственин Хју Хефнер, а на чијашто насловна страница е токму Мерилин Монро.

Почетните цени на аукциите за различни предмети се движат од 500 до 18.000 долари. Наддавањето трае до 11 август.