Вакцинацијата во државата се одвива добро. Веќе се вакцинирани околу 25.000 граѓани во салата „Борис Трајковски“, а утре завршува вакцинација на вработените во критичната ифнраструктура, согласно националниот план. Од среда, останатиот дел од 20 000 вакцини на Спутник, ќе бидат распределени по возрасни групи, рече во понеделникот министерот за здравство, Венко Филипче.
Посочи дека вакцинацијата со останатите вакцини од „Спутник V“ од среда ќе се одвива исто како што се одвива вакцинацијата од почетокот со вакцината на „AstraZeneca“, по вакциналните пунктови.
Министерот Филипче испрати апел до сите граѓани да се пријават на сајтот за вакцинација „vakcinacija.mk“ за да сите податоци на пријавените граѓани влезат во системот Мој Термин и на тој начин да бидат регрутирани.
„Освен овој систем, кој исто така важи е и преку пријавување кај матичните лекари, кои имаат обврска да ги анкетираат своите пациенти, посебно оне постарите, који треба да го изразат интересот за вакцинација. Значи од среда вакцинацијата ширум државата продолжува по возрасните категории, како ќе доаѓаат понатаму вакцини, ќе се надополнуваат двата системи“, додаде Филипче.
Приоритет имаат постарите граѓани, но продолжуваат и во делот на критичната инфраструктура.
Како што посочи, вакцинирани се целосно сите оние кои имаат најголем ризик и кои практично учествуваат во менаџирање на кризата од почеток, припадници на МВР, Армијата, вработените во училиштата, односно наставнички од прво до трето одделение, МТСП во делот на градинките, негувателките и вопситувачлите, понатаму праводуството, денеска е групата на вработени во Собрание, во техничките служби, а го очекува и интересот од страна на претседателот на Собрание во делот на вакцинација на пратениците.
Денеска се вакцинираат околу 600 новинари, и тоа оние од критичнаа група над 40 години, и луѓе кои се со хронични болести. Вакцинацијата е организирана во соработка со ЗНМ, ССНМ и Министерството за здравство.
Младен Чадиковски од Здружени на новинарите на Мекедонија (ЗНМ) посочи дека се надева оти во следната фаза ќе се вакцинираат и останатите медиумски работници.
„Она што е особено значајно е дека сите овие медиумски работници беа во допир, близок контакт со вирусот, но имаа и контакти со многу луѓе и мислам дека овој тип на заштита е значаен затоа што ќе биде заштита не само за личното здравје туку ќе биде и заштита и за останатите луѓе кои имаат постојани контакти новинарите“, рече Чадиковски.
Појасни дека оваа стратегија за вакцинирање на оваа работно способно насленеие дека дава добри резултати, и ќе дава добри резултати особено во медиумите каде што постојано гравитираат многу луѓе и од самите вработени но, како што потенцира, и од гости кои се постојано присутни во медиумските куќи.
Посочи дека организацијата беше добра и во ниеден момент не се создадоа поголеми редици или колони.
Тамара Грначаровска од Самостојниот синдикат на новинари (ССНМ) рече дека и е мило за големиот одзив кај новинарите и се надева дека вакцинацијата ќе продолжи и сите новинари ќе бидат вакцинирани.
„Мило ми е што имаше навистина имаше голем одзив кај новинарите и кај сите вработени во медиумите, останаа многу колеги кои изразија интерес но кои не го исполнуваа условот во оваа група да бидат вакцинирани. Се надевам дека вакцинацијата ќе продолжи и дека сите ќе успееме да добиеме вакцини бидејќи се покажа дека новинарската прифесија е една од првите професии кои се во контакт со луѓе кои се заразени. Имавме многу колеги кои се заразени, имавме и смртни случаи, имаме колеги кои се хоспитализирани, или во изолација и се надевам дека ќе успееме сите новинари и мед работници да ги заштитме од короната“, рече Грнчароска.
Во текот на денот, како што информира Филипче, се очекува да пристине донација од 2.000 кинески вакцини. Пратката е веќе во Софија и е организиран транспортот до Скопје.
Прашањан дали бремените жени ќе се вакцинираат, Филипче рече оти сите препораки треба да дојдат од стручниот тим кои што работи на вакви анализи.
„Сите препораки ќе дојдат од стручниот тим кој што ги работи анализите врз основа на публикација, ако има некоја категорија на граѓани да бидат внимателни, тогаш ќе има таква препорака односно ќе бидат приоретизирани, посебно на една ваква осетлива категорија, а овие денес вакцини кои што ќе дојдат, ќе бидат додадени на сегашниот систем на вакцинирање на граѓаните по возраст“, рече Филипче.
Појасни дека хронично болните ќе се вакцинираат согласно возрасната група, затоа што има навистина голема бројка и во таа смисла приоритетот се дава според возраста.
„Во секоја возрасна категорија, од 50 години нагоре, па секои пет следни, огромна е бројката на пациенти со хронични заболувања, така да сега продолжуваме по возраст и соодветно по доаѓањето на вакцините ќе се намалува возраста“, рече министерот.
За тоа кога ќе се очекува да се вакцинираат работници во маркетите, но и таксистите, Филипче рече дека апсолутно го сфаќа интересот за вакцинирање, но испрати апел сите да бидат трпеливи.
„Кај сите други апсолутно го сфаќам интерсот, но апелирам на трпение. Исто како и сите други вработнеи кои имата приоритет, апсолутно апелирам и на разбирање, и на трпение, ќе има вакцини за сите, април е месец кога ќе треба да доаѓаат, така да нека се пријават ќе бидат повикани, како ќе додаѓаат вакцините ќе се пополнуваат двата механизми“, рече Филипче