Достапен лекот Pirfenidon за пациентите со идиопатска белодробна фиброза

Министерството за здравство информира дека за првпат во Република Северна Македонија, од денеска достапен е лекот Pirfenidon за пациентите со идиопатска белодробна фиброза (ИБФ), која спаѓа во групата на ретки болести. Досега, во нашата земја немаше терапија за овие пациенти.

ИБФ е болест на белите дробови, со брза прогресија и е изразито тешка болест која води до прогресивен пад на функцијата на белите дробови карактеризирана со тешко дишење, чести хоспитализации и лоша прогноза.

Лекот Pirfenidonot е прв избор за третман на ИБФ, ја стопира прогресијата на болеста, го намалува бројот на егзацербации и го подобрува квалитетот на живот.

Преку Програмата за ретки болести се обезбедени дополнителни 7 милиони денари. Ова е петти нов лек за пациентите со ретки болести набавен во последните две години.