Студијата спроведена во Велика Британија, а во која учевствувале 2000 лица докажала дека само десетина минути се доволни за да ги согледале клучните елементи на привлечност и да донесете одлука „за“ или „против“.
За тоа зборуваат колку го гледате право во очи, колку се смеете, начинот на кој зборувате и како сте облечени.
Сите овие фактори учевствуваат во одлуката дали ќе има втор состанок или не. Тоа значи дека имате многу ограничено време за да оставите добар впечаток. Но, стручњаците советуваат да не манипулирате со овие фактори. Неконтролираното смеење на сите негови шеги не е решение и нема да ве одведе на втор состанок.
Но, сепак, чекорите за оставање на добар прв впечаток се едноставни. Гледајте го право во очи, смешкајте се и слушајте што личноста зборува. Не поставувајте премногу прашања, за состанокот да не се претвори во истрага и држете се подалеку од „шкакливи“ теми како што се поранешни, политика и секс.