Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.
Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 15 до 21 степен.
Во Скопје, претежно облачно со сончеви периоди. Попладне со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло.
Од понеделник во попладневните часови повторно се очекува појава на локален дожд и грмежи.