Обилните дождови ги погодија во средата градовите на австралискиот источен брег потопувајќи ги патиштата и мостовите, а десетици илјади луѓе побегнаа од своите домовои вторпат во последните неколку седмици.
Неколку градови на северот од сојузната држава Нов Јужен Велс, кои се опоравуваат од историските поплави пред еден месец, во текот на ноќта ги погоди силен циклон. Во некои делови од регионот за само шест часа наврнало дожд колку што вообичаено паѓа за цел месец.
Второ лето по ред на австралискиот источен брег доминира атмосферскиот феномен Ла Ниња кој го карактеризираат зголемени врнежи. Во Сиднеј овој месец наврнале 537 милометри дожд на квадратен метар, што претставува историско количество за март.
Метеоролозите во средата најавија локално обилни врнежи, коишто можат да доведат до животнозагозувачки ситуации.