Поранешниот припадник на Скотланд јард, 48-годишниот Вејн Кузенс, кој бил дел од единицата одговорна за безбедноста на полтичари и дипломати, е осуден на доживотен затвор за киднапирање, силување и убиство на 33-годшната Сара Еверард, беше објавено во четвртокот во централниот лондонски кривичен суд Олд Бејли.
По денешното рочиште во случајот кој предизвика големо внимание на британската јавност и медиумите, судијата Адријан Фулфорд пресуди дека поради „исклучителната тежина“ на злосторството, Кузенс ќе го мине остатокот од својот живот во затвор без да има право на предвремено ослободување.
Ваквите пресуди, инаку, се многу ретки во Обединетото Кралство. Кузенс, инаку, на лондонската градска полиција ѝ се приклучил во 2018 година и до апсењето бил ангажиран во обезбедувањето на странските амбасади.
„Злоупотребата на полицската должност, што се случила во овој случај на гранбување, силување и убиство на една жртва, е исто толку тешко кривично дело колку и убиството од политички, верски или идеолошки мотиви“, изјавил судијата Фулфорд кого го цитира британската новинска агенција Press Association (PA).
Во текот на сослушувањето и рочиштата беше обелоденето дека на 3-ти март годинава, Казинс одработувајќи ја 12-часовната смена во амбасадата на САД во Лондон, се претставил дека е на должност и со измислен изговор ја „уапсил“ Еверард, којашто се враќала дома од гости. Потоа ја однел во шума во близина на неговиот дом во Кент, на оклу 80 километри од местото на грабнувањето, каде што ја силувал и задавил, а потоа се обидел да се ослободи од телото. Во текот на судењето ги призна сите дела.
Потрагата по младата жена која исчезна во близина на попуалрниот парк во јужен Лондон беше во фокусот на вниманието на британските медиуми. Откако беше приведен полицаецот под сомнение за убиството, во земјата се разви жестока јавна дебата за безбедноста на жените на улиците во британската престолнина и довербата во полицските службеници.
Шефцата на Скотланд јард, Кресида Дик, тогаш уверуваше дека случајот преставвуа ужасен исклучок. Меѓутоа, во Лондон во претходниот и подоцнежниот период имаше повеќе смртоносни неселективни инциденти со напади со нож врз случајни минувачи, а пред две седмици младата 28-годишна наставничка Сара Неса исчезна откако излегла од куќата во кафуле оддалечен пет минути пешки. Следниот ден случаен минувач го нашол нејзиното тело. Британската новинска агенција PA наведува дека била нападната со нож и скриена под куп лисја во паркот.